Искусен Шпанец го наследи Веселин Вујовиќ во катарската репрезентација

Катарската ракометна репрезентација доби нов предводник. Шпанскиот тренер Амброс Мартин е назначен за селектор на машката национална селекција, со што ќе го наследи црногорскиот стратег Веселин Вујовиќ.

Мартин веќе работи во катарскиот ракомет, откако минатата сезона седна на клупата на Ал Духаил. Сега ќе има обврска да ги пренесе своите идеи и во националниот тим, со кој ќе се обиде да ја продолжи конкурентноста на Катар на меѓународната сцена.

Неговиот прв тест се очекува да биде пријателскиот дуел против Саудиска Арабија, на кој ќе има можност за успешно деби во новата улога.

Мартин во минатото беше селектор на Романија, Русија и Шпанија, а на клупски план најголем печат остави во женскиот гигант од Унгарија, Ѓер.