Искусен австриски десен бек е новото засилување за гигантот Флензбург

Австрискиот репрезентативец Борис Живковиќ е најновото засилување за германскиот ракометен гигант, Флензбург. Информацијата ја потврдија повеќе европски медиуми, а договорот ќе биде со важност до крајот на актуелната сезона. 

Искусниот десен бек со српско потекло ќе претставува освежување и збогатување на ростерот во кој досега на оваа позиција настапуваше само Исланѓанецот Теитур Еинарсон. Тренерот на Флензбург, Николеј Крикау, изјави дека е задоволен од пристигнувањето на Живковиќ и од него очекува да биде солидно засилување за тимот. 

„Борис ќе ни биде од голема помош и јас сум среќен што тој доаѓа во нашиот клуб. Тој е ракометар кој игра одлично и во напад и во одбрана, а воедно ќе ја збогати и оваа дефицитарна позиција во нашиот тим“, изјави Крикау. 

31-годишниот Борис Живковиќ е роден во Австрија и за националниот тим на оваа земја има запишано над 60 настапи во сите конкуренции. Во Фленсбург доаѓа од редовите на полскиот Азоти, каде настапуваше во последните три години.