• Горан Упале
„Вечните“ ривали Вардар и Еурофарм Пелистер го играат првото големо дерби во Суперлигата оваа сезона, а во „Јане Сандански“ повторно зовреа страстите.
Двата најтрофејни клуба водат голема битка, а кон средината на второто полувреме малку фалеше да се случи инцидент на паркетот. Срдановиќ грубо го фаулираше Кузмановски, по што настана мешаница, во која во клинч влегоа Лазаревски и Хосни. Во мешаницата се вмеша и Митревски, но за среќа сè заврши со по некој погрден збор.
И покрај грубиот старт српскиот интернационалец остана неказнет со исклучување од две минути.