ВИДЕО: Инфаркт финиш во Охрид - Пролет промаши зицер, па Ѓорѓиоски погоди за реми!

Ракометарите на Охрид можат да бидат среќни што на крајот од мечот со Пролет излегоа непоразени. Иако водеа со 8-2 во првиот дел, сепак упорните гости стигнаа да намалат до крајот на полувремето на 10-8.

Во вториот дел комплетно се вратија во натпреварот, дури и поведоа, а со 19-20 се влезе во последната минута. Кобетиќ промаши пенал, но и Пролет не реализира, односно Трајкоски го одбрани ударот на Василевски, а ниту Трајковски не погоди.

И Охрид тргна во последен напад за реми. Трајковски набрзина додаде до Ѓорѓиоски, кој го совлада Кимевски со звукот на сирената.

Погледнете ги последните моменти од драмата во Охрид: