Импресивен рекорд на ЖРК Вардар преживеа во женската ЛШ

Ракомет-ЖРКВардар-Хипо

Македонскиот клуб ЖРК Вардар беше еден од најдобрите клубови во женската ракометна Лига на шампиони во периодот од 2013 до 2018 година и е сопственик на многу рекорди, а еден од нив „преживеа“ викендов на стартот на новата сезона.

Германскиот бундеслигаш Битигхајм во првата рунда забележа импресивна победа над чешкиот дебитант Бањик Мост. Славеше со 46-23 во доминантен натпревар, но за еден гол остана пократок од рекордот по број на постигнати голови на еден меч.

Рекордер на листата останува македонскиот ЖРК Вардар, кој во март 2015 година во Скопје му нанесе дебакл на словенечки Крим. Рекордот по број на постигнати голови изнесува 47 (47-29).

ЖРК Вардар во периодот од 2013 до 2018 година забележа пет учества по ред на Ф4-турнирите, но ниту еднаш не успеа да го повтори успехот на Кометал ЃП и да ја освои европската титула.