• Сашо Поповски

Рускиот репрезентативец Тимур Дибиров останува верен на Вардар, со надеж дека во блиска иднина тимот одново ќе биде силен како во шампионските денови од пред некоја сезона.
>>> Дибиров одбива да се предаде: Верувам дека Вардар одново ќе биде квалитетен
Левото крило важи за еден од подобрите поединци во редовите на „црвено-црните“, кој игра во Македонија од 2013 година. Ветеранот заедно со македонскиот гигант се израдува на многу титули, меѓу кои и две во Лигата на шампионите.
Во овој период кога нема ракомет, ве потстуваме за што се е способен Русинот, особено од невозможни ситуации и агли од десната крилна позиција.
36-годишникот е една од ретките ѕвезди кои до крај планираат да останат во проектот наречен Вардар.