ИХФ Суперглоб во следните четири години се сели во Ријад

По девет години, неофицијалниот Мундијал на клубови во ракомет ИХФ Суперглоб заминува од катарскиот главен град Доха. Овој турнир полека го загуби интересот и кредибилитетот, но финансиски е многу добра опција во периодот на подготовки.

ИХФ потпиша нов четиригодишен договор со Ријад во Саудиска Арабија, каде што ќе се играат натпреварите, почнувајќи од следната сезона. Нашиот Вардар еднаш беше дел од Суперглоб и го освои третото место во есента 2017 година.

Шпанска Барселона е актуелен бранител на светската круна и екипа која најчесто се радувала на титулата во Доха.