ИХФ ни додели норвешки судии за дуелот против Шведска

Денешениот втор ден нуди седум натпревари од првото коло на Светското првенство во ракомет во Египет. По вчерашната победа на Египет над Чиле, првото коло од групата Г ќе го комплетираат Шведска и Македонија.

Норвежаните Јорум и Клевен се делегирани да ја делат правдата на овој натпревар, а делегат ќе биде Австриецот Рајсингер. Овие судии никогаш не им суделе на нашите ракометари на Мундијалите.

Резервен судиски пар се сестрите Бонавентура од Франција.

Натпреварот се игра во вечерниот термин од 20:30 часот, а непосредно пред почетокот селекторите ќе ги објават официјалните тимови.