ИХФ ја најави ждрепката за Светското клупско првенство, трите европски тима фаворити

Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) го најави овогодинешното издание на Светското клупско првенство (поранешен IHF Super Globe), кое ќе се одржи во главниот град на Египет, Каиро. 

Натпреварите се на програмата во периодот од 27 септември до 3 октомври, а сите девет клубови-учесници се поделени во три групи за прелиминарната фаза. На клупскиот Мундијал ќе има тимови од сите шест континенти, а најголемо внимание секако привлекуваат европските гиганти. 

Ждрепката за групната фаза и распоредот на натпреварите ќе бидат определени в среда, во 18:00 часот.

Прв шешир: 
Барселона (Шпанија), Магдебург (Германија), Веспрем (Унгарија)

Втор шешир:
Ал-Ахли (Египет), Замалек (Египет), Калеј Клуб (Саудиска Арабија)

Трет шешир:
Хандбол Таубате (Бразил), Калифорнија Иглс (САД), Сиднеј Уни (Австралија)

Актуелен освојувач на Светското клупско првенство е екипата на Магдебург, која триумфираше последните три години, а апсолутен рекордер е Барселона со вкупно пет трофеи.