ИХФ го менува правилото по спорниот гол на Пранди

Полуфиналето на Европското ракометно првенство во Германија меѓу Франција и Шведска понуди многу контроверзии. Елохим Пранди стрелаше по истекот на времето, откако даде во најмала рака спорен погодок покрај поставениот блок за продолженија. Потоа „триколорите“ се израдуваа на победаат, а потоа го кренаа и тронот. 

Пранди при изведувањето на ударот од девет метри прво стоеше на левата нога, потоа ги спушти двете на земја и ја промени. Спуштајќи се кон десно Французинот ги збуни противниците, па го матира Паличка. Тој гол крена многу контроверзии околу тоа дали е регуларен или не. 

Според сегашното правило на ИХФ, наведено е дека една нога мора да е на подлогата, но не е наведено која и дали може да се промени. Сега, Светската ракометна федерација реши дека е потребно да се направи промена, односно дообјаснување на правилото.

Од први јуни ќе биде јасно напишано дека тоа што го направи Пранди е недозволено. Интересно, овој натпревар го судеа македонските елитни судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.