• Сашо Поповски

Шпанските медиуми пренесуваат дека Константин Игропуло ќе се врати во екипата на Барселона.
Поранешниот член на каталонскиот тим ќе работи како асистент на првиот тренер Антонио Карлос Ортега. 37-годишникот ја заврши играчката кариера пред две години, носејќи го дресот на Висла Плок. Русинот настапуваше во Барса во периодот од 2009 до 2012 година. Сега ќе има можност по една деценија одново да се врати во редовите на шпанскиот гигант.
Барселона оваа година ја освои титулата во Лигата на шампионите, со победа по пенал рулетот против Киелце.