• Мартин Танасковски

Грегор Оцвирк, некогашниот ракометар на Вардар кој важи за еден од најперспективните во Европа, кариерата ќе ја продолжи во Шведска каде ќе го носи дресот на Кристијанштад.
Оцвирк по заминувањето од Вардар, за кое се уште не е јасно зошто се случи, ги покажа вистинските квалитети, а посебно се докажа на последното Светско првенство (СП) за ракометари до 21 година. Средниот бек одигра извонреден шампионат, па дојде до трансфер во Шведска.
Со Кристијанштад, Оцвирк потпиша договор до 2022 година и во него се гледа на долгорочен план.
Минатата сезона 21-годишниот Оцвирк ја одигра во словенечки Оромож. Оцвирк ја водеше Словенија до шестото место на Светското првенство. Пред да игра за Вардар, тој беше дел и од Целје.