Играчот кој беше желба на Вардар заврши во полски Киелце

Екипата на Киелце договори нов млад играч од 2023 година и потпиша договор со египетскиот репрезентативец Хасан Кадах.

21-годишниот лев бек беше дел од најталентираната генерација на „фараоните“ кои станаа шампиони на Светското првенство за ракометари до 19 години во Македонија.

Играчот исто така беше дел и од сениорите на СП и ЛОИ 2021. Кадах и Киелце потпишаа четиригодишен договор. Во клубот тој ќе биде замена за белорускиот бек Кулеш.

Досегашните успеси во кариерата Кадах ги оствари во редовите на Замалек. Овој играч пред стартот на сезоната беше желба на Вардар, тимот беше во преговори за него, ама трансферот не се реализира.