• Симеончо Стоиков
Отпуштените ракометари на МАКС Струмица кои по крајот на сезоната останаа слободни играчи и притоа со неисплатени три плати и низа неисполнети ветувања, повторно се обратија до јавноста каде што во дописот го прозваа првиот човек во клубот, претседателот Сашко Брндевски.
„Сакаме да го прашаме претседателот Сашко Брндевски каде се парите што ни ги должат за три плати и ветената опрема. Зошто не лажеше дека ќе ги добиеме парите за пет до десет дена. Дали со нашите пари Брндевски си замина на одмор? Ние од заработените пари нема да се откажеме, ако треба и кај него пред куќата ќе штрајкуваме. Како тој што има фамилија, така имаме и ние, си ги сакаме чесно заработените пари, повторуваме ако треба и пред неговата куќа ќе штрајкуваме“, стои во дописот од играчите на МАКС Струмица.
Станува се појасно дека уште еден амбиционзен клуб кој имаше желба да се приближи на Металург и Вардар, полека но сигурно доживува пропаст.