• Зоран Мишевски
Феноменалната Норвежанка Нора Мeрк се врати на теренот само три месеци по породувањето! Една од најдобрите ракометарки во светот размислува да игра на претстојното Светско првенство во Холандија и Германија.
„Сакам да играм, но понекогаш заборавам дека сум отсутна речиси една година. Сè оди според планот, само треба да се вратам во најдобра форма. Емоциите се измешани, но ова е моја основна работа“, вели Норвежанката.
Мeрк откри дека би сакала да биде дел од националниот тим, но одлуката ќе зависи од селекторот Оле Гунар Гекстад.
„Се надевам дека ќе играм на Светското првенство до одреден степен, но ќе ја прифатам секоја одлука на селекторот. Ќе разговарам со Оле и тој ќе ја донесе конечната одлука. Не сакам да ветувам нешто што нема да можам да го исполнам“, рече Морк.
Светскот првенство во Холандија и Германија ќе се игра од 26 ноември до 14 декември,




