ВИДЕО: Игнасио со двојна одбрана против Серафимов донесе радост за „гаучосите“!

Кадетската репрезентација на Македонија неочекувано со пораз ги стартуваше настапите од Светското првенство во Скопје. 

Пред домашната публика пулените на Данило Брестовац беа изненадени од своите врсници од Аргентина, откако прокоцкаа пет гола позитива и на крај загубија со 20-23. Иако речиси во текот на целиот меч ја имавме контролата и водството, во клучните моменти нашата игра падна, а меѓу најзаслужните за тоа е аргентинскиот голман Игнасио Виљареал, кој со два одбранети зицери на Серафимов ја одведе својата селекција до голема победа на планетарниот собир. 

Двојната одбрана на Играсио во финишот од мечот со Македонија: 

Токму Мартин Серафимов најмногу потфрли во македонскиот табор, затоа што мечот го заврши со скромни четири гола од дури 15 обиди.