• Мартин Танасковски

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) по крајот на Ф4-турнирот во Келн го одбра најдобриот тим на завршницата во Лигата на шампионите.
Киелце не успеа да го крене трофејот, а од тимот имаше место во идеалната седумка за двајца, тоа се Карачиќ и Нахи. Има тројца од шампионот Барселона, како и по еден од Веспрем и Кил.
Голман: Перез де Варгас (Барселона)
Лево крило: Дилан Нахи (Киелце)
Лев бек: Ласмус Лауге (Веспрем)
Среден бек: Игор Карачиќ (Киелце)
Десен бек: Дика Мем (Барселона)
Десно крило: Алеиш Гомез (Барселона)
Кружен напаѓач: Патрик Винчек (Кил)
Барселона на овој турнир стана првата која одбранила титула во историјата, а исто така го подобри и рекордот со единаесет европски титули, што ја прави неприкосновена на врвот на „вечната листа“ на освојувачи.