• Горан Упале
Иако планираа продолжување на сезоната во јуни и шампионот да се прогласи на терен, сепак и рускиот ракомет „потклекна пред коронавирусот“ и означи крај на сезоната.
Русите беа оптимисти дека за еден месец ќе има услови за сезоната да продолжи, но сепак, решија да ги испратат ракометарите на одмор. И покрај тоа што сезоната ќе се доигра, познати се и шампионите.
Чеховски Медведи кој и оваа сезона доминираше ја одбрани титулата во машка конкуренција, додека кај дамите за шампион е промовиран Ростов Дон.
Многу веројатно вакво сценарио го очекува и македонскиот ракомет, но според најавите нема да бидат прогласени шампиони.