И на 38 години не се предава: Влатко Митков има нов клуб во Австрија

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец Влатко Митков и на свои 38 години не се откажува од активното играње, откако во следната сезона ќе има нов предизвик.

По авантурата во Брегенц, каде беше еден од најдобрите стрелци на екипата, се реши кариерата да ја продолжи во нов клуб, но останува во Австрија. Во следната сезона искусниот десен бек ќе тресе мрежи за второлигашот Холабрун.

Митков со своето богато искуство сигурно ќе биде големо засилување за австрискиот второлигаш, кој во новата сезона ќе има амбиции за влез во елитата. 

Македонецот, кој пред две години се пензионира од репрезентативниот дрес, својот прв блесок во кариерата го имаше во битолски Пелистер, од каде во 2003 година ја започна интернационалната кариера, настапувајќи за бројни клубови од Германија и Австрија.