И Мотор во проблеми, против Вардар без четири искусни ракометари

Екипата на Мотор Запорожје утрово тргна на пат кон Скопје, за утрешниот клучен дуел од групата Б во ракометната Лига на шампионите против Вардар. Тимот предводен од Ланевич сака да му се одмазди на нашиот претставник за домашниот пораз (30-31).

Тренерот Ростислав Ланевич ќе допатува во главниот град со 16 ракометари, со неколку промени од претходните дуели во Лигата на шампионите и СЕХА лигата. На голот нема да се појави Виктор Киреев и Игор Соротка, кои најверојатно ќе ги следат стапките на Жуков и Јанима и се пред преод во Спартак Москва

  • Составот на Мотор: 

Михаил Будко, Генади Комок, Стеван Вујовиќ, Јури Кубатко, Максим Бабичев, Аиденас Малашинскас, Борис Пуховски, Захар Денисов, Дмитри Дорошчук, Едуард Кравченко, Артем Козакевич, Павел Гурковски, Матеуш Кус, Александер Касај, Алексеј Ганчев и Владислав Паровинчак. 

Средбата меѓу Вардар и Мотор ќе се одигра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 17:30 часот. 

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4