И Германците се во шок: „Таа сцена беше страшна“

И Германија е во шок. Не како Хрватска заради судењето на данските арбитри и елиминацијата од Светското првенство, туку поради тешката повреда на својот репрезентативец Мартин Штробел. 

Германскиот бек се здоби со тешка повреда уште на самиот старт од мечот со Хрватска и од салата беше изнесен на носилки. Дополнителните прегледи покажаа дека се работи за скинати лигаменти на коленото, што е една од најтешките спортски повреди. 

„Повредата на Штробл беше тежок момент за нас. Кога го носеа со носилки беше страшно, се гледаше дека едвај ги издржува болките. Сите се надеваме дека сè ќе биде во најдобар ред и му посакуваме што побрзо да се врати на терен“, рече германскиот селектор Кристиjан Прокоп. 

Германија со крајни напори уште да го скрши отпорот на Хрватска и со победа од 22-21 обезбеди полуфинале на Светското првенство. 

СП, Главна фаза, Група 1
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ГерманијаГерманија 5 4 1 0 136:116 20 9
2 ФранцијаФранција 5 3 1 1 133:122 11 7
3 ХрватскаХрватска 1 5 3 0 2 124:117 7 6
4 ШпанијаШпанија 1 5 2 0 3 147:136 11 4
5 БразилБразил 5 2 0 3 128:149 -21 4
6 ИсландИсланд 5 0 0 5 122:150 -28 0