И Бутел ја покажа хуманата страна и донираше за Тони Шопов

Откако утрово Ракометната федерација на Македонија ја покажа својата хумана страна и соопшти дека ќе издвои финансиски средства за лекување на поранешниот репрезентативец на Македонија, Тони Шопов, идентичен гест направи и суперлигашот Бутел Скопје.

<<< ПОВРЗАНО - РФМ со донација за помош и лекување на легендата Тони Шопов

Од раководството на Бутел велат дека се подготвени да помогнат секаде каде што е најпотребно, па на сметката на ракометната легенда на Велес да бидат префрлени 30.000 денари.

Шопов веќе подолг период се бори со незгодна болест, правеше бројни операции и сега ќе биде подложен на хемотерапија комбинирана со друг третман во Турција, зафат кој е многу скап.