• Зоран Мишевски

Ракометна Хрватска започна нов процес, и пак против селекторот Хрвоје Хорват. Младиот предводник на „каубоите“ им даде повод на критичарите и со своето однесување, кое во најмала рака е чудно.
Имено, по победата против Бахреин и потврдата дека Хрватска нема да игра четвртфинале, туку ќе заврши на деветтото место, Хорват за хрватската РТЛ телевизија праќаше срца и гестикулираше дека одговара на прашањата на новинарката.
- Чудната телевизиска изјава на Хрвоје Хорват:
Ваквото однесување на Хорват предизвика револт кај многу ракометни легенди, а најдиректен беше Петар Метличиќ.
„Како што ние велиме во Сплит: Цвеба, време е! И сите што те донесоа овде, време е. Селектор со вакво однесување... Ќе се лутиме ако погрешил или не, што згрешил, но неговото однесување е неприфатливо“, рече вечерва легендарниот Метличиќ.
Хрватска три првенства не е во медал-зоната, а не учествуваше и на последните Олимписки игри. Ако е за утеха, деветтото место на овој шампионат значи учество во олимписките квалификции за Париз.