Хрватски ракометар кој му скрши нос на противник е суспендиран на ЕДНА година!

Откако хрватскиот ракометар Иван Хорват беше суспендиран поради груб прекршок, по кој му го скрши носот на противникот Маркус Мар, Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе конечна одлука за неговата казна. 

Во мај, во последното дерби од плеј-офот на австриската лига играјќи за Алпла, Хорват беше исклучен со син картон поради груб старт врз Маркус Мар, тогашен играч на Брегенц

Првично му беше изречена драконска казна за неиграње во време траење од 26 месеци, до 30 јуни 2027 година. Но, подоцна Австриската ракометна федерација ја намали казната за 32-годишниот играч. Според одлуката, Хорват ќе може да се врати на теренот на 30 април 2026 година.

„Австриската ракометна федерација го суспендира Иван Хорват на 12 месеци и шест дена поради неспортско однесување на натпревар од австриската лига во мај 2025 година. По прегледот на релевантната документација, ракометниот суд на Европската ракометна федерација (ЕХФ) заклучи дека изречената казна е во согласност со општите правни принципи и правилата на ЕХФ“, стои во објавата на Австриската ракометна федерација. 

Хорват му се извини на Махр веднаш по натпреварот и нагласи дека никогаш немал намера да го повреди. Но, тоа не му помогна многу во одлуката за неговата суспензија.