Хрватска третпат поразена, Холандија премоќна за „коцкестите“

Ракометната репрезентација на Хрватска го претрпе третиот пораз во групата Ц на Европското првенство за ракометарки, кое се одржува во Франција. „Коцкестите“ убедливо беа надиграни од Холандија, која пак ја покажа својата моќ и непредвидливост и славеше со 34-23 (17-10).

Најефикасни во победничкиот табор беа Амега со осум и Малештајн со шест гола, а во хрватскиот табор најефикасни беа Турк и Калаус со по шест гола.

Германија ја запиша втората победа, откако дури во финишот го скрши отпорот на Чешка и извојува победа од 30-28. Во бундес-тимот најефикасни беа Шмелцер со седум и Гешке и Болк со по пет гола.