• Иван Димовски
Ракометарите на Хрватска ги отворија квалификациите за Европското првенство со убедлив триумф над Белгија (30-23). Мечот во Вараждин во целост им припадна на домаќините кои рутински ја завршија својата задача. Освен во еден момент на средината од првиот дел кога Белгијците водеа, Хрватите имаа целосна контрола врз резултатот и заслужено победија. Марио Шоштариќ со десет гола беше најдобар на мечот, а кај гостите седум даде Рафаел Котарс.
Германците ја декласираа Швајцарија со високи 35-26 на мечот во Махнајм. Иако натпреварот требаше да биде дерби на групата, фаворитот без потешкотии го совлада ривалот. Лукас Зербе имаше осум реализации и ја предводеше Германија до победата.
На останатите терени Португалија убедливо ја совлада Романија (37-30), Холандија беше минимално подобра од Украина (40-39), а Австрија триумфира против Турција (31-28).