Хрватска ракометна легенда ќе им биде тренер на Кинезите во СЕХА!

Пред извесен период како бомба одекна информацијата дека од идната сезона СЕХА лигата ќе се прошири со кинески клуб. Нов член на регионалното натпреварување ќе биде тимот на Пекинг Универзитет, кој изненадувачки се реши да се пресели на Балканот и да настапува во СЕХА лигата. 

>>> ПОВРЗАНО - Револуционерна одлука на СЕХА: Кинески клуб нов учесник во лигата

Практично, Пекинг е целата кинеска репрезентација. Нивниот проект започна пред извесен период со отворање на бази во Данска, но откако истиот пропадна, Кинезите се одлучија да учат ракомет во Хрватска

Нивно ново седиште ќе биде Загреб, а веќе е назначен и шефот на стручниот штаб на тимот. За предводник на Пекинг е избран легендарниот голман Владо Шола, кој ќе има задача своето драгоцено искуство да им го пренесе на Кинезите и да ги запознае начинот на кој се игра ракомет на овие простори.