Хрватска по осум години конечно го најде „лекот“ за Шведска

Хрватската ракометна репрезентација извојува победа над Шведска со 35-31 во вториот пријателски натпревар, откако пред неколку дена загуби со 34-31 од истиот противник во Кристијанштад. 

И двете селекции веќе се квалификуваа за Светското првенство во 2027 година, па за разлика од повеќето европски екипи, тие не мора да играат дополнителни квалификации. Хрватска го обезбеди своето место на светскиот настан со освојувањето на бронзениот медал на овогодинешното Европско првенство, додека Шведска стигна до Мундијалот благодарение на домаќинот Германија, како и актуелниот светски шампион Данска.

Шведска го држеше водството во првите минути, но Хрватска брзо ја презеде контролата врз натпреварот и не го испушти водството до крајот на натпреварот. „Коцкестите“ на полувреме заминаа со два гола предност, а на почетокот од второто полувреме разликата порасна на четири гола. Иако гостите успеаја неколку пати да ја намалат разликата, не беа во можност сериозно да ја загрозат победата на Хрватска, која по осум години успеа да ја надигра Шведска во еден меѓусебен дуел.