• Мартин Танасковски
Хрватската ракометна репрезентација доживеа убедлив пораз од селекцијата на Шведска со 33-25 во третото коло од првата фаза на Европското првенство. Избраниците на селекторот Дагур Сигурдсон во ниту еден момент не успеаја сериозно да се наметнат и да ја доведат во прашање победата на скандинавската селекција, која од почеток до крај ја контролираше играта и резултатот.
Со овој неуспех, Хрватска ја завршува првата фаза без ниту еден пренесен бод во втората рунда, што значително ја отежнува нејзината позиција во продолжението на шампионатот. Од друга страна, Шведска го максимализираше настапот во групата и во следната фаза влегува со два бода, што ѝ дава важна стартна предност во борбата за висок пласман.
Најдобар стрелец кај Шведска беше Рогановиќ кој заедно со Јохансон завршија со по пет гола, додека кај Хрватска, Срна погоди седум, а Главаш четири пати.
Во втората фаза од натпреварувањето, хрватските ракометари ги очекува исклучително тежок распоред. Првиот предизвик е закажан за петок, кога ќе се соочат со силната репрезентација на Исланд. Во недела следува дуелот со Швајцарија, по што ќе играат против Словенија во вторник, а групната фаза ќе ја затворат со натпревар против Унгарија во среда.




