• Зоран Мишевски
Женската ракометна репрезентација на Македонија со пораз ги започна подготовките за Европското првенство. Избраничките на селекторот Грчевски загубија во првиот натпревар на „Кроација Куп“ од домаќинот Хрватска со 26-18.
Водени од поранешниот македонски селектор, Ивица Обрван, хрватските ракометарки постојано водеа и заслужено издвојуваа победа.
Кај нашата селекција најпрецизна беше Мицевска со четири гола, Младеновска запиша три, а по два имаа Ристовска и Чурлиновска. Утре попладне македонските ракометарки ќе се соочат со Србија.
На Европското првенство Македонија најпрво ќе игра со Шведска на 28 ноември, два дена подоцна се среќаваме со Турција, а последниот натпревар од групната фаза против Унгарија ќе го одигра на 2 декември во 18:00 часот.