Хрватска им даде „40-ка“ на САД, Данска очекувано остана максимална

Ракометната репрезентација на Хрватска ја оправда фаворитската улога и го истури целиот бес врз Соединетите Американски Држави (40-22), за првенец на Светското првенство (СП) кое се игра во Шведска и Полска.

„Каубоите“ во првата рунда беа поразени од Египет и се најдоа на мета на ракометните аналитичари и фанови во земјата. Во дуелот со повратникот на Мундијалите дадоа по 20 гола во двете полувремиња и си ја завршија задачата.

Игор Карачиќ беше најдобар кај Хрватска со осум гола, пред Шарац со шест реализации, додека Главаш заврши со пет гола, а кај САД, Хинс имаше шест гола, пред Фофана со пет реализации.

Фаворитската улога ја оправда и Данска која со победа над Бахреин (36-21) патува во втората фаза на СП 2022. Скандинавскиот тим имаше моќен прв дел во кој го задржа ривалот на само девет постигнати гола и така го најави вториот триумф на планетарниот собир. Гидсел беше најдобар кај светскиот првак со девет гола, а Питлик стрела пет пати.

На останатите натпревари Белгија го изненади Тунис кој беше без најдобриот играч (31-29), додека Катар беше подобар од Алжир (29-24) и практично зачекори кон втората фаза на СП 2023.