• Мартин Танасковски
Ракометната репрезентација на Хрватска доживеа тежок пораз на пријателските натпревари и загуби од Данска (22-37) на пријателски турнир кој се одигра во Осло.
И за „коцкестите“ овој пораз немаше да биде толку лош, да не беше фактот дека Хрватска го доживеа највисокиот пораз во историјата. Со 15 гола разлика последен пат Хрватите загубија во пријателски натпревар од Словенија во 2017 година.
Дека избраниците на Сигурдсон ги чека висок пораз беше јасно уште по првото полувреме, кога Хрватска даде само шест гола (6-16). Прв стрелец кај Хрватска беше Шоштариќ со седум гола, додека кај Данците се истакна Јакобсен со 11 гола.
Претходно Хрватска на овој турнир загуби од домаќинот Норвешка (26-32), а ја победи Аргентина (20-19).