Хрватска го надигра Бахреин и чека услуга од Египет, Србија ги доби „лалињата“

Хрватската ракометна репрезентација останува само со теоретски шанси за пласман во четвртфиналето на Светското првенство во ракомет. „Каубоите“ на Хрвоје Хорват попладнево во Шведска го совладаа националниот тим на Бахреин со 43-31 и чекаат убедлива победа на Египет против Данска за да завршат на второто место во групата.

Попладневниот натпревар не беше ни малку лесен. Дури на почетокот на второто полувреме Хрватите го скршија отпорот на противникот и благодарение на играта во одбрана стигнаа до рутинска победа. Најефикасни во хрватскиот табор беа, Мартиновиќ и Главаш со по единаесет и Јелиниќ со седум гола а кај Бахреин се истакнаа Мохамад и Ал Сајад со по пет погодоци.

Во изедначен дуел меѓу холандската и српската селекција во Катовице, „орлите“ на Тони Џерона извојуваа значајна победа од 32-30 и веројатно ќе завршат на 11. или 12. место, што е најдобар нивни пласман по Европското првенство на домашен терен во 2012 година.

Во првиот дел постојано водеа Холанѓаните, но со подобра игра во одбрана и интервемции на голманите, Србија го сврте резултатот и поведе со +2 на четири минути до крајот. Во српскиот табор се истакнаа Милосављевиќ со девет и Пешмалбек со[estт гола, а кај Холандија најефикасни беа Бајенс со седум и Смитс со шест гола. Одличен натпревар одигра и Милосављев, автор на единаесет интервенции.

Групната фаза вечерва завршува со натпреварите Норвешка - Германија и Данска - Египет.