Хрватска доживеа незапаметено нешто на домашен терен

Ракометната репрезентација на Хрватска на домашен терен не успеа да победи со Холандија (25-25) и доживеа нешто незапаметено досега по распадот на Југославија.

Имено, „каубоите“ досега во сите квалификациски натпревари за Европските првенства кои ги играле на домашен терен забележале победа. Но, со ремито против „лалињата“ под водство на новиот селектор Перковац кој имаше проблеми со повредени играчи, се прекина тој тренд.

Дуелот во Осијек беше прв натпревар пред својата публика во квалификации за Европското првенство од 1994 година, па наваму, на кој Хрватска не успеа да победи. Јавноста е незадоволна од играта и од стартот на новиот селектор, кој на дебито на гости кај Холандија доживеа пораз.

Хрватска во квалификациите за ЕП 2024 има две победи со Белгија и Грција, како и реми и пораз со Холанѓаните.