Хрватска доживеа катастрофа, Црна Гора им одржа лекција на „каубоите“

Хрватска доживеа ракометна катастрофа и забележа пораз од Црна Гора (32-26) во првиот натпревар од втората фаза на Европското првенство (ЕП) кое се игра во Унгарија и Словачка и така си ги намали шансите за пласман во следната фаза.

„Каубоите“ на Хорват одиграа катастрофално, додека на спротивната страна Црна Гора го одигра најдобриот натпревар. Пред се, најдоброто прво полувреме на континенталниот собир по кое имаше предност од 15-9.

Хрватска и Црна Гора играа борбен и егал-натпревар се до 11-9, па избраниците на Рогановиќ влегоа во ритам и дадоа четири гола во низа. Три гола даде дуото Вујовиќ, а еден Ласица, за висока предност на полувремето од шест гола. Меѓу стативите Хрватите го имаа повратникот Мирко Алиловиќ, но и тој не помогна, додека на спротивната страна Симиќ повторно блескаше. Црна Гора беше стабилна во вториот дел, а во еден момент, во 53. минута, Црногорците имаа „плус осум“ (28-20).

Најдобар поединец на натпреварот пак беше голманот на Црна Гора, Небојша Симиќ, со вкупно 14 одбрани, додека кај голгетерите Милош Вујовиќ и Бранко Вујовиќ беа ефикасни кај победникот со по седум постигнати гола. Кај Хрватите, Иван Чупиќ постигна седум, пред Лука Циндриќ со пет гола.

Во оваа група попладнево уште играат Франција - Холандија и Данска - Исланд.