Хрватот Филип Ивиќ се согласи да брани за Гумерсбах и во втората Бундеслига

Повремениот голман на хрватската репрезентација Филип Ивиќ во следната сезона ќе брани во германскиот второлигаш Гумерсбах.

Филип Ивиќ беше поврзуван и со европскиот првак Вардар, но потпиша договор со Гумерсбах, надевајќи се дека ќе игра во првата Бундеслига, но со оглед на тоа што клубот испадна од елитата, и тој и Контрец, кој дојде од ППД Загреб ќе играат ранг подолу. И покрај високата плата, Хрватот го задржа статусот во клубот и се согласи да брани и во втората Бундеслига.

Ивиќ доаѓа од Полска во Германија, потпиша договор на две сезони и ќе биде големо засилување во обидот поранешниот европски првак да се врати во елитата.

Пред да дојде во Полска, Филип Ивиќ го носеше дресот на ППД Загреб.