ВИДЕО: Хрватите уште ја бараат топката – неверојатна асистенција на Столе до Дибиров! 

Македонскиот шампион Вардар го одигра најмоќниот натпревар оваа сезона во Лигата на шампионите и среде Загреб си поигра со ППД Загреб и веќе може да слави четвртфинале во ракометната елита на Европа. 

Резултатот од 18-27 е само еден од мноштвото податоци колку Вардар беше надмоќен против хрватскиот шампион, а еден момент од вториот дел може да се издвои како најатрактивен на мечот. Капитенот Стојанче Стоилов при изведување на девет метри од зад грб магично го проигра Дибиров и ги збуни хрватските ракометари, кои мораа со фаул за седум метри да го стопираат налетот на руското крило. 

  • Погледнете ја магичната асистенција на популарниот Столе: