• Горан Упале

Ракометарите на Загреб за првпат по пет години ќе играат во осминафиналето на Лигата на шампионите. Тие во натпреварот од претпоследното коло од групата А го совладаа францускиот шампион Пари Сен Жермен со 28-26 и со тоа го обезбедија пласманот во нокаут фазата.
По натпреварот пред полната сала се појави легендарниот Никола Карабатиќ, кој истакна дека Хрватска е дел од него и дека е среќен што доби уште една шанса да игра пред хрватската публика.
„Честитки за ракометарите на Загреб, бидејќи одиграа добро. Знаевме дека ќе биде тешко, не почнавме најдобро, особено во нападот. Губевме топки и правевме грешки и тука изгубивме малку самодоверба. Останавме во игра, се боревме во вториот дел, но промашивме премногу зицери и загубивме премногу топки. Имавме шанса да се вратиме, но Загреб се бореше и заслужи да победи. Сега мора да победиме на следниот натпревар дома.
Иако загубивме и јас сум разочаран поради тоа, секако е многу убаво да се доживее ваков дочек и да ме дочекаат вака во арената во Загреб. Инаку, навивачите овде секогаш беа против мене, убаво е да се доживее дека еднаш с со мене. Секогаш ќе го паметам финалето на Светското првенство во 2009 година овде во Загреб, моето семејство, мајка ми и татко ми беа на трибините. Тоа секогаш ќе ми остане во глава. Хрватска е дел од мене и многу сум среќен што добив можност во последната сезона да се вратам во Загреб и во Хрватска и уште еднаш да играм во оваа арена“, рече Карабатиќ.
should never retire
Beautiful tribute to a player who has marked an era
<#ehfcl #clm #daretorise pic.twitter.com/JR4rd3O2ui— EHF Champions League (@ehfcl) February 29, 2024
Во последното коло ПСЖ пред својата публика ќе се сретне со ПИК Сегед, додека Загреб патува во Кил.