ВИДЕО: Хрватите не добија дочек поради политика, но фанови ги пречекаа среде ноќ – на аеродром!

Хрватската ракометна репрезентација требаше да биде дочекана на плоштадот во Загреб, меѓутоа градските власти не успеаја да се договорат со пејачот Марко Перковиќ Томпсон за да настапува, па настанот беше целосно откажан. Според информациите од хрватскиот табор, веќе две години репрезентацијата се мотивира со песните на пејачот, па огромна желба им била да пее на нивниот дочек.

Иако дури беше монтирана бина, сето тоа пропадна. На помош се јавиле други градови кои со задоволство сакале да ги дочекаат ракометарите, меѓутоа од ХРС посочиле дека ако има дочек, истиот треба да се одржи во Загреб. Поради тоа, од сојузот ги повикаа навивачите среде ноќ да ги дочекаат на аеродромот „Фрањо Туџман“. Ракометарите слетаа во 03:00 часот по полноќ, а таму ги чекаше група навивачи кои го наполнија лобито.

Се пееја песни, а најсреќните си добија и фотографии со хероите кои освоија нов голем ракометен медал. 

Дел од ракометарите изразија јавно незадоволство бидејќи одново политиката се меша во спортот.