Хрватите и Червар ќе добијат богатство ако освојат медал на СП

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Хрватската ракометна федерација најави богати премии ако репрезентацијата успее да дојде до медал на Светското првенство (СП) кое се игра во Германија и Данска.

„Каубоите“ на Лино Червар долго време посакуваат медал на еден Мундијал, а ако го остварат сонот, ќе добијат богатство. Првото место на СП ќе им донесе награда од 450.000 евра, среброто носи 300.000 евра, додека бронзен медал ќе донесе премија од 200.000 евра.

Четвртото место ќе донесе награда за ракометарите од 100.000 евра, додека петтото, шестото или седмото место кои носат квалификации за Олимписки игри, вредат 50.000 евра.

Хрватска, која е во група со Македонија, го отвора Мундијалот со дуел против Исланд.

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0