Хрватите гласаа: Вардар и Загреб не се фаворити за трофејот на СЕХА!

Со денешниот натпревар меѓу Нексе Нашице и Мешков Брест ќе се разрешат сите дилеми од завршницата на СЕХА лигата, односно ќе се знаат и полуфиналните парови кои ќе се сретнат на Ф4 турнирот во Брест на стартот на април. 

Меѓу четирите најдобри и оваа сезона место имаше за македонскиот шампион Вардар, кој патем е и бранител на титулата, но според хрватските ракометни фанови е без шанси да го обрани регионалниот трофеј. 

Во анкетата која ја спроведе хрватсиот медиум „Вјести“, Вардар доби само осум отсто од гласовите, а изненадување е и фактот што фаворит не е ниту хрватскиот шампион ППД Загреб

Најголем број на гласови доби тимот на Нексе Нашице, кој пред неколку дена на свој терен го порази Вардар (78%), ППД Загреб има (11%), Вардар (8%), а Мешков Брест само 3%. Доколку сакате да го дадете својот глас за тоа кој е вашиот фаворит за трофејот во Ф4 турнирот на СЕХА, тоа можете да го направите на ОВОЈ линк.  

Завршнивата во СЕХА лигата ќе се одигра во Брест, на 2 и 3 април.