Хрват одново ќе го чува голот на Кадетен Шафхаузен по трансферот на Пилиповиќ во Охрид

Морено Цар ќе биде замената за Кристијан Пилиповиќ во дресот на Кадетен Шафхаузен. Хрватскиот голман, кој по разделбата со Нексе, сезоната ја започна во дресот на Пореч, ќе започне нова соработка со луѓето со кои веќе соработуваше во Нашице - Хрвоје Хорват и Нинослав Павелиќ.

Цар моментално е најдобриот голман во хрватската Премиер лига, водечки во сите статистички категории - број на одбрани (90), проценти на успешност (35,2%) и просек од 12,8 одбрани по натпревар.

„Кадетен е шампион на Швајцарија и учесник во ЕХФ Лигата на Европа. Тоа е голем предизвик за мене“, рече Цар.

Инаку, Пилиповиќ по осум сезони го напушти Кадетен и се пресели во македонскиот суперлигаш Охрид.