Храбриот Еурофарм драматично загуби во Хановер

Ракометарите на Еурофарм Работник одиграа одличен натпревар, но групата Б на ЕХФ Купот ја започнаа со минимален пораз во Германија од бундеслигашот Хановер со 24-21 (16-14).

Дуелот започна со две технички грешки на битолчани и два лесни гола на Винсент Бухнер. Остроушко ги постигна првите два гола за Еурофарм, но Германците ги реализираа сите напади и во 7. минута поведоа со +3.

Сепак, македонскиот претставник одлично парираше во нападот, но одбраната немаше решение за шареноликиот спектар на германскиот тим. „Зелените“ на Ортега почнаа да грешат и Граџан израмни на 8-8, за тајм-аут на домашната екипа во 15. минута.

Ојлески не реализира седмерец, Ѓукиќ направи грешка во водењето на топката и Хановер преку Цехте и Брозовиќ се одлепи на +3. Со таа инерција првиот дел заврши со предност на домашниот тим од 16-14.

Второто полувреме започна со голови на Цехте и Крстевски, па серија на грешки од двете страни и предноста на Хановер од 2-3 гола беше активна подолго време. Затаи нападот на битолчани, Чирковиќ се обиде со тајм-аут и замени, но Лесјак не прими гол седум минути. Граџан со лоб удар во 44. минута ја прекина „црната“ серија и Еурофарм намали на 19-17.

На обидот преку Олсен домаќините да се одлепат, одговорија Радовиќ и Чурлевски за 22-20 и тајм-аут на Ортега во 51. минута. Остроушко со ефектен гол во 53. минута намали на -1 и најави драматичен финиш. Украинецот имаше напад и за реми, но Лесјак го спаси Хановер. Хефнер на спротивната страна погоди за 23-21, а Ѓукиќ не реализира седмерец и пропаднаа последните шанси за враќање во мечот. 

Најефикасни во таборот на македонската екипа беа Граџан со шест и Кузмановски и Остроушко со по четири гола, а кај Хановер се истакна Олсен со седум гола. Следната недела Еурофарм Работник дебитира на домашен терен против Татабања.

ЕХФ Куп, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ТатабањаТатабања 6 4 1 1 172:154 18 9
2 ХановерХановер 1 6 3 1 2 162:144 18 7
3 Нексе НашицеНексе Нашице 1 6 3 0 3 156:160 -4 6
4 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 6 1 0 5 133:165 -32 2