• Саше Љолес
Искусниот шпански тренер, Хота Гонзалез, официјално е нов селектор на полската ракометна репрезентција.
Потегот доаѓа пред крајот на квалификациите за Европското првенство следната година, а Гонзалез беше промовиран на прес-коференција во Варшава, каде беше објавена тригодишна соработка со Шпанецот.
Неговото вистинско име е Хесус Хавиер Гонзалез и се работи за 53-годишен стратег кој на клупата ќе го замена Марчин Лијевски, кој доби отказ по разочарувачкото 25. место на последнииот ракометен Мундијал.
Полската федерација изрази големо задоволство од соработката и очекува добри резултати во блиска иднина. Националниот тим во моментов е второпласиран во осмата квалификациска група и има уште два меча за одигрување, против Израел и Романија.