Хосни се врати во Франција, ќе игра во тимот на тунискиот селектор

Тунискиот ракометен репрезентативец Усама Хосни официјално го замени македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер со францускиот прволигаш Шарт. По неколку успешни сезони поминати во Битола, десниот бек се враќа во Франција каде претходно настапуваше за неколку екипи.

Хосни со Еурофарм Пелистерј освои домашни титули и настапуваше во Лигата на шампионите: Пред доаѓањето во Македонија, Хосни веќе играше во францускиот шампионат за екипите на Иври, Понто-Комбо и Истр.

Тој е стандарден член на националниот тим на Тунис, со кој има освоено медали на Африканските првенства и учествувано на Олимписките игри. Иако не играше за својот национален тим во последните неколку години, се очекува негово враќање со оглед на тоа што селектор на Тунис му е неговиот тренер во Шарт, Тјери Анти,