Хорват: За Вардар не треба да се трошат зборови, колку е послаб – толку е поопасен! 

По пауза од шест месеци СЕХА лигата им се враќа на натпреварите и утре ќе го даде последниот патник на „фајнал-фор“ турнирот во Задар. Вардар и Нексе ќе се борат за последната виза за Хрватска, а македонскиот шампион има минимална позитива од првиот натпревар од 30-31.

Сепак, со оглед на долгата пауза утре во „Јане Сандански“ се очекува неизвесен натпревар, а стратегот на Нексе, Хрвоје Хорват испрати пофални зборови за вардарци, но верува во успех на својата екипа и пласман во финалниот турнир.

„По шест месеци пауза конечно официјален натпревар, сите со нетрпение го очекуваме и едвај чекаме да започне. Лоша вест е што сè уште имаме проблеми со повредени играчи.  Јанко Кевиќ сè уште чувствува болка во ногата и прашање е дали ќе биде подготвен за дуелот со Вардар, додека Марио Томиќ нема да биде во составот поради долгиот во процес на рехабилитација. Томи Возаб пак е спремен и ќе настапи на овој дуел.

Во Скопје одиме со полна самодоверба и сигурен сум дека ќе одиграме вистински натпреварувачки дуел. За Вардар не треба да се трошат многу зборови, сите знаеме кој е и што направил во последните години. Кога сите мислат дека е ослабен, тој е поопасен. Очекувам добра игра на Нексе Нашице и пласман во завршницата во СЕХА лигата“, рече Хорват.

Вардар или Нексе на Ф4 турнирот во Задар ќе им приклучат на Мешков Брест, Веспрем и ППД Загреб. Дуелот во „Јане Сандански“ се игра утре со почеток од 20:15 часот.

Најнови вести од
СЕХА Лига