Хорват и Червар разрешени во Хрватска, ракометарите имаат нов селектор!

Ракометната репрезентација на Хрватска има нов селектор, откако Управниот одбор на хрватскиот ракомет реши да го смени Хрвоје Хорват по Светското првенство (СП), на кое „каубоите“ завршија како деветти.

Хорват се најде на тапет кај хрватската јавност и поради неговото однесување во медиумите по крајот на ракометниот светски собир и неговото однесување со новинарката на „РТЛ“ му се удри од глава. Воедно, тој не ги исполнил и целите, кои гласеле четвртфинале.

Нов селектор на Хрватска е Горан Перковац, доскорешниот тренер на швајцарски Кринс Луцерн, поранешен репрезентативец на Југославија и на Хрватска. 60-годишникот кој некогаш играше како лев бек како тренер се градеше во Швајцарија. Перковац низ кариерата во два наврати беше селектор, кога ги водеше Швајцарија и Грција.

Истовремено, на состанокот на Управниот одбор укината е и функцијата „координатор“ на селекциите, па разрешен е и Лино Червар кој го поднесе извештајот.