Хорват: Разочарани сме, чудно ми е како Франција прокоцка три разлика во финишот

Ракометната селекција на Хрватска по пауза од повеќе од 20 години нема да биде дел од ракометен турнир на Летните Олимписки Игри. „Каубоите“ на квалификацискиот турнир во Франција извојуваа две победи, но останаа со празни раце, бидејќи синоќа, по луд финиш Португалија направи пресврт и славеше над домаќинот. 

Новиот предводник на Хрватите, Хрвоје Хорват вели дека не го гледал тој натпревар, но му многу чудно како една Франција си дозволи таков пораз.

„Не го гледав натпреварот, но чудно ми е како може една Франција да си го дозволи тоа – да води три разлика во финишот, но на крај да загуби. На една сериозна селекција, такви нешта не ѝ се случуваат. Победивме два натпревари на овој турнир, но тоа не беше доволно. Разочарани сме, не ни е лесно, но мораме да гледам напред. Нè чекаат нови битки“, рече хрватскиот стратег за „Спортске новости“.

Златниот гол за Португалците го постигна Руи Силва, откако неколку секунди претходно катастрофална грешка направи францускиот ас Мелвин Ричардсон.