Хорват: Драго ми е што бевме дел од историски натпревар

Ракометарите на Нексе Нашице одиграа квалитетен натпревар во Скопје и достојно му спротиставија на владетелот во СЕХА. Сепак, на крајот Вардар ја однесе победата со 29-25 и стана единствен тим што успеал да ја заврши сезоната со најмногу бодови досега во историјата на СЕХА лигата, но и со најмногу победи. Досегашниот рекорд го држеше Веспрем, со 16 победи и две реми натпревари. Хрватите му честитаа на „црвено-црниот“ тим за успехот.

„Честитики за Вардар, драго и е што бев дел од натпреварот за рекорд на Вардар. Беше тешко да играме денеска, но задоволен сум од моите момци од тоа како се бореа. Им дадовме шанса на некои играчи да се покажат против силен тим каков што е Вардар и ја оправдааа мојата доверба. Му покаскувам многу среќа на Вардар и повторно да ја освои титулата во СЕХА“, изјави тренерот на Нексе, Хрвоје Хорват.

Еден од најдобрите поединци во гостинскиот тим беше бекот Анте Гаџа. И тој е задоволен од неговото и од изданието на соиграчите.

„Мислам дека одигравме добро денеска, можеби да бевме поконцентрирани можевме да направиме и нешто повеќе. Знаеме каква екипа е вардар, ако имате многу технички грешки, тие веднаш казнуваат и мислам дека гледачите уживаа во убавиот натпревар“, изјави Гаџа.

За Вардар сега следува пауза, пред стартот на дуелите од македонскиот плеј-оф, а потоа ќе има и репрезентативна недела, па ќе следува главното во сезоната. Завршниот турнир во СЕХА,  а потоа и четвртфиналето од Лигата на шампионите.