Хорор во Србија: Упаднаа на тренинг и го избодеа претседателот на клубот!

Ненад Џуриќ

Претседателот на женскиот ракометен клуб Алексинац, Ненад Џуриќ, вчера беше избоден во абдоменот од страна на четворица непознати млади лица.

Инцидентот се случил за време на тренингот на ракометарките во салата, кога квартет напаѓачи упадна и со помош на бејзбол палки и нож го нападнаа претседателот на клубот.

Додека едниот го удираше со палка, другиот со нож му нанел телесна повреда, по која сите избегале од салата. Џуриќ веднаш бил пренесен во болница, а полицијата започнала истрага по напаѓачите.

Докторите проценија дека нема потреба одоперативен зафат, што значи дека пациентот е во стабилна состојба и надвор од животна опасност.